HomeОпштиниЦентар: Санкционирани 63 непрописно паркирани возила на територијата на општината

Центар: Санкционирани 63 непрописно паркирани возила на територијата на општината

spot_img
spot_img

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 63 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.7. до 4.8.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 63 непрописно паркирани возила на теритотијата на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте