В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изминатата недела одржа средби со голем број граѓани, кои му ги пренесоа нивните барања, сугестии, но и конструктивни идеи.
Ваквите средби имаат за цел низ директен разговор да се слушнат прашањата што ги засегаат жителите и изнаоѓање нивни решенија, со што се придонесува кон подобрување на условите за живот и работа во нашата Општина, како и на секојдневното функционирање на аеродромци.
Приемните денови остануваат редовна практика на Митески, а сите заинтересирани граѓани можат да закажат средба секој работен ден на телефонскиот број 02 2400 – 970 или да поднесат писмено барање во Општина Аеродром.
Извор: Општина Аеродром