Деновиве се соочуваме со несовесно користење на спортските терени кај ООУ ,,Елпида Караманди“ кои се реконструираа со цел создавање на подобри услови за спортување и физичка активност на младите, но и на сите граѓани на Oпштина Битола.
Од страна на вработените во училиштето, кои се грижат за одржување и заштита на истите, во неколку наврати беше констатирана направена штета на поставеното сандаче за струја, кое содржи модул преку кој се вклучуваат и исклучуваат рефлекторите. Истите се соодветно подесени со цел да бидат во функција во предвиденото време за користење на терените.
Напоменуваме дека овие оштетувања се потенцијална опасност по децата и граѓаните кои го користат игралиштето.
Општина Битола изразува голема загриженост за направените обиди да се оштети штотуку реконструираното спортско игралиште наменето за младите и за предметните дејствија доставена е соодветна пријава до СВР -Битола.
Општина Битола АПЕЛИРА до сите граѓани, спортските терени да се користат соодветно на намената, да се почитуваат поставени знаци за начинот на користење на спортските игралишта, како и да се внимава на хигиената.
Се надеваме дека ваквите вандалски чекори во иднина нема да бидат повторени.
Извор: Општина Битола