Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одржа работна средба со новоназначената заменик амбасадорка на САД, Никол Варнс, на која и посака добредојде и успешна работа.
Во фокусот на разговорите беше досегашната успешна соработка и поддршката во однос на клучните процеси во земјава, како и приоритетите поврзани со дигиталната трансформација како примарна цел на Министерството.
,,Одличната стратешка билатерална соработка е особено важна да продолжи во ресорот од исклучително значење – дигитализацијата на општествата и сајбер безбедноста“, истакна министерот Андоновски, кој на средбата беше придружуван од заменик министерот Радослав Варџиски и од државната секретарка во МДТ, Гордана Клинчарова.