spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Средба на министерот Дурмиши со турскиот амбасадор Улсој - Ќе создаваме...

МЕТ: Средба на министерот Дурмиши со турскиот амбасадор Улсој – Ќе создаваме услови за интензивирање на соработката меѓу двете земји

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со турскиот амбасадор, Н.Е. Фатих Улусој.

Министерот Дурмиши и амбасадорот Улсој разговараа за економската соработка помеѓу двете земји и можностите истата да се продлабочи во наредниот период.

Министерот Дурмиши се заблагодари на целокупната поддршка што Република Туркије ја дава за нашата земја почнувајќи од независноста, па до ден денеска.

“Република Туркије е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер. Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Туркије минатата година е рангирана на 7-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи“, кажа министерот Дурмиши на средбата.

Како што потенцираше министерот, Министерството за економија и труд во наредниот период ќе биде фокусирано на поддршка на домашните, но и на странските компании кои работат во земјава, како и поддршка и развој на пазарот на труд, како нова надлежност која ја превземаме.

„Министерството за економија и труд и јас како министер и во наредниот период ќе работам во насока на создавање на услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена„кажа министерот Дурмиши.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...