spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Директорот Османи ја пречека делегацијата од Инспекторатот, предводена од директорот Идризи...

АПЈ: Директорот Османи ја пречека делегацијата од Инспекторатот, предводена од директорот Идризи и неговите соработници

Во рамките на соработката помеѓу Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазикот, како неопходност за внатрешна интеграција на етничките групи кои живеат во Северна Македонија, денеска во просториите на АПЈ директорот Гранит Османи ја пречека делегацијата од Инспекторатот, предводена од директорот Арсим Идризи и неговите соработници.

На средбата се разговараше за најефикасна примена на албанскиот јазик во РСМ, а се разговараше и за истражувањето што АПЈ ќе го направи на терен во соработка со ОБСЕ и Институтот за демократија-ИДСЦС, каде преку прашалник ќе се спроведе анкета за спроведување на двојазичноста.

Резултатите од истражувањето, кои се очекува да излезат во декември годинава, според дискусијата на претставниците на страните на средбата, на двете институции, ќе им послужат за ориентација на политиките за соодветна примена на албанскиот јазик.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи рече дека ние сме две институции кои не можат една без друга.

Додека директорот на АПЈ, Гранит Османи, истакна дека нашите институции се како едно тело со две крила, кои дејствуваат за постигнување на крајната цел, а тоа е ефикасна примена на албанскиот јазик, во сите институции кои имаат законска обврска да го сторат тоа.

Претставниците на Инспекторатот, Фитим Рамадани, виш инспектор, Симона Стојковска, адвокатка и претставниците на АПЈ Неби Билали, Државен советник и Шпреса Зеќири Ибрахими, раководителка на секторот, разговараа и за други прашања поврзани со примената на албанскиот јазик.

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...