spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Санација на фудбалските игралишта

Илинден: Санација на фудбалските игралишта

Општина Илинден интензивно работи на санација, реконструкција и изградба на спортските терени на нејзина територија. Во изминатиот период се изврши санација на тревната површина на три фудбалски терени, од кои еден во Кадино и два во Марино.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, оваа значајна инвестиција ќе овозможи подобрување на условите за игра, ќе ги зголеми стандардите на спортската инфраструктура и ќе обезбеди оптимални услови за играчите и љубителите на фудбалот.

Градоначалникот додаде дека Општина Илинден има голем број на спортски терени кои се реконструирани но и ново изградени, пришто редовно се одржуваат и се во одлична состојба. Терените ги користат клубови, спортски школи и граѓаните, а со санацијата на фудбалските терени се создаваат одлични услови за спортување но и посилни капацитети за развој на спортот.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со инвестиции во спортските терени и во другите населени места.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...