Во текот на целиот овој мандат, нашата работа ќе се фокусира и на медиумите. Нашата примарна цел е да создадеме средина каде што можат да работат слободни и независни медиуми и за ова ќе работиме интензивно.
Нашите фокусни точки во текот на овој мандат ќе бидат:
-Ќе креираме алатки за новинарите и граѓаните, за брзо откривање и спречување на ширењето на лажни вести.
-Ќе работиме на медиумската писменост, особено кај најмладата публика, преку воведување на соодветни содржини во образовните предмети во основните и средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година.
-Ќе поддржиме создавање на истражувачка медиумска лабораторија.
-Ќе обезбедиме континуирана финансиска и нефинансиска поддршка за печатените медиуми и сите радиодифузери.
-Помал надоместок за телевизиско емитување.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација