spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Прием на учесници од фолклорните друштва

Куманово: Прием на учесници од фолклорните друштва

Во име на Општина Куманово, секретарот Александар Гелевски беше домаќин на претставници на фолклорните ансамбли, кои настапуваат на петтото издание на Меѓународен фолклорен фестивал “Куманово”.
Во пријателска атмосфера, беа потенцирани придобивките од вакви манифестации, кои наликуваат на интернационален мозаик на културата и традицијата.
Тридневниот фестивал продолжува и утре (28.08.2024 год.) на градскиот плоштад.
Љубителите на фолклорната музика и игра, ќе имаат можност да ги проследат културно – уметничките друштва:
– КУД “Димитрије Туцовиќ” – Општина Чукарица, Белград (Србија),
– Ансамбл “Тамариси” – Терјола (Грузија),
– Ансамбл “Чвана” – Шуахеви (Грузија),
– ФА “Китка” – Истибања, Виница (Македонија),
– КУД “8 ми Октомври” – Крива Паланка (Македонија),
– АКУД “Мирче Ацев” – Скопје (Македонија),
– КУД “Григор Прличев”– Ѓорче Петров, Скопје (Македонија),
– КУД “Панче Пешев” – Куманово, (Македонија).
Настанот е во организација на кумановското културно – уметничко друштво, со поддршка на Општина Куманово.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте