spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стипендии за Талентирани ученици

Карпош: Стипендии за Талентирани ученици

Согласно Програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош традиционално и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2024/2025 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500 денари месечно за Прва категорија, односно 3.000 денари месечно за Втора категорија.

  1. Услови за доделување стипендија

– Да се жители на oпштина Кaрпош;

– Да се редовни ученици во VIII или IХ одделение во основните училишта на  

   територија на Општина Карпош;

– Да имаат освоено I, II или III  место на акредитирани натпревари;

– Да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI –VIII,  

   односно VII – IХ одделение.

Огласот за доделување стипендии за телентирани ученици за учебната 2024/2025 година,  ќе се објави на веб страницата на Општина Карпош, и во два дневни весника, од кои во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот е весникот.

  1. Критериуми за доделување стипендија

         Право на разгледување имаат само дипломи за освоено  I, II или III  место од здруженија, организации, друштва, асоцијации акредитирани од Министерство за образование и наука од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста од VI до VIII за редовни ученици во 8 одделение, односно од VII до IX одделение за редовни ученици во 9 одделение:

–  I  место на општински натпревар (0.5 бода);

–  I, II или III  место на регионален натпревар (3 бода,2 бода,1 бода);

–  I, II или III  место на државен натпревар (8 бода, 6 бода, 4 бода);

– I, II или III место на меѓународен натпревар (15 бода, 12 бода, 10 бода);

-Златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар (15 бода,              12 бода, 10 бода).

Линк за акредитации од МОН:  https://mon.gov.mk/content/?id=8626

* Освоените места на групни натпревари нема да бидат бодувани.

* Натпревари кои се спроведени по електронски пат не се бодуваат.

  * Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар во кој учествуваат ученици од најмалку 5 (пет) различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различни држави и се врши рангирање на најдобрите ученици. Во прилог доказ/потврда од организаторот на натпреварот за бројот на државите-учесници.

  1. Потребни документи:

 Со барањето, учесниците на Oгласот треба да достават:

-Документ/доказ дека живее во Општина Карпош (копија од лична карта од    

 родител/старател);

– Потврда од училиштето дека е редовен ученик во VIII односно IХ одделение во  

   учебната 2024/2025 година;

– Кратка биографија на ученикот (CV);

– Фотокопии од сведителства како доказ за  континуиран одличен успех;

– Фотокопии од дипломи од освоени места на натпреварите;

– Препорака од класен раководител/ предметен наставник;

  1. Висина на стипендија и рангирање

Висината на стипендијата изнесува:

  • за втора категорија 3.000,00 денари месечно за освоени од 8 до 15 бода
  • за прва категорија 3.500,00 денари месечно за освоени од  16 и повеќе бода

Стипендиите се доделуваат за осум месеци во текот на учебната 2024/2025 година.

  1. Начин на пријавување

Документите се доставуваат во затворен плик во  Архивата на Општина Карпош или по пошта на ул. Радика бр. 9 ,Скопје, со назнака „За доделување стипендии на талентирани  ученици од основните училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2024/2025 година “.

  1. Рок за поднесување на документи

Крајниот рок за поднесување на документите по Огласот е заклучно со 13.09.2024  година. Документите на кандидатите кои не се комплетни и не се навремено доставени нема да бидат разгледувани.

Погледнете го целиот оглас на овој линк ОГЛАС.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МСПДМ: Сабриу – Успешноста на процесите на ресоцијализација и реинтеграција се...

0
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на стручна расправа за процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на...