Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски беше во дводневна посета на Лесковац, Република Србија каде присуствуваше на Саемот за вработување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“.
На саемот кој е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион на Македонија, како и Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Лесковац и Општината Власотинце од Србија, присуствуваа голем број градоначалници од Република Македонија и Република Србија, делегации од ЕУ, менаџери, како и баратели на работа.
Станува збор за проект кој цели кон подобрување на механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила, поттикнува воведување на нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и допринесува за зголемување на капацитетите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработување.
Низ досегашните активности за Проектот беа остварени заедничките цели во насока на прекуграничната мобилност и вработливост.
Извор: Општина Илинден