spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Јавен повик за доделување субвенција за проектот Сервис за стари лица

Центар: Јавен повик за доделување субвенција за проектот Сервис за стари лица

Врз основа на член 22, став 1, точка 7, член 50, став 1, точка 16 од Законот за локалната самоуправа (,Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје (,,Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.01/06; 12/15; 9/19; 14/19; 1/21 и 11/21), точка 2 од Програмата за социјална,здравствена заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2024 година (,,Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.18/23) и Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бp.8/24), Градоначалникот на Oпштина Центар-Скопје, објавува

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

за доделување субвенција за Проектот Сервис за стари лица

Onштина Центар-Скопје ќе започне со примање на Барање за проектот Сервис за стари лица -,,Центар ce грижи за возрасните” почнувајќи од 29.8.2024 година и ќе трае до 4.9.2024 година.

  • Pеaлизацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.
  • Kpитериуми:

-Да е жител на Општина Центар-Скопје;

– Да е на возраст над 62 години;

– Да е корисник на пензија или да е корисник на социјална помош;

-Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 35.000,00 денари месечно;

– Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница(исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

  • Ce повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопјe.
  • Заедно со Барањето во Архивата треба да поднесат:
  1.  Фотокопија од лична картa;
  2.  Фотокопија од потврда за примена пензија од последните два (2) месеци или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;
  3.  Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од eднa (1) година.

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...