Од крајот на минатата недела Општина Карпош започна со реконструкција на пешачкиот дел на плоштадите на територијата на општината.
Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар Карпош 3 – Лептокарија, а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени плочки ќе се заменат со нови.
Изведувач на работите е фирмата „Изградба Комерц“, а се очекува реконструкциите да траат околу еден месец.
Извор: Општина Карпош