Паркот на Ѓорче Петров викендов повторно блесна во духот на македонскиот фолклор со одржувањето на прекрасната манифестација “Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”.
Во срцето на Ѓорче, со учество на седум културно-уметнички друштва, младите ни ја претставија македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри.
Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција.
Извор: Општина Ѓорче Петров