Утрово градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Габреш во Автокоманда.
Со реализација на овој проект обезбедуваме 58 нови паркинг места.
Решавањето на проблемот со недостатокот на паркинг места во Автокоманда, останува еден од клучните приоритети на општината.
Заклучно со изградбата на овој паркинг, ќе обезбедиме повеќе од 150 нови паркинг места за жителите на Автокоманда.
Дополнително тим од општината во соработка со надлежните институции посветено работи на реализација на сообраќајната студија со која ќе се воведе ред во сообраќајот во мирување.
Како општина работиме и на промена на Деталниот урбанистички план со кој обезбедуваме локации за изградба на катни гаражи.
Извор: Општина Гази Баба