Продолжува санацијата и реконструкцијата на Домот на културата во село Фурка.
Проектот опфаќа повеќе фази- фаза на отстранување, санација и адаптација на дел од објектот како младински културен центар, како и целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот околу објектот со дополнителни содржини.
Исто така при крај е изработката на проектната документација за внатрешно уредување и реконструкција и на Домот на културата во Нов Дојран, односно продолжување на веќе започнатото, со што конечно по долги години повторно ќе биде ставен во функција и ќе имаме нова и модерна сала за културни манифестации и настани.
Извор: Општина Дојран