HomeМинистерстваМП: Министерот Филков оствари средба претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт...

МП: Министерот Филков оствари средба претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт Зогај

spot_img
spot_img

На маргините на официјалната посета на Република Косово, министерот за правда Игор Филков оствари средба со претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт Зогај.

На средбата се дискутираше за поставеноста и состојбите на судството во двете земји, како и за идните реформи. 

И двете страни искажаа подготвеност за соработка за размена на искуства и нејзино продлабочување. 

На крајот од средбата, двете страни ја истакнаа важноста и неопходноста од зачувување на независноста на судскиот систем и унапредување на правната рамка на двете земји, со прифаќање на европските стандарди.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте