spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Презентирана Физибилити студија за управување со органски отпад со компостара

Илинден: Презентирана Физибилити студија за управување со органски отпад со компостара

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа презентација на Физибилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара за општините Илинден и Гази Баба“.

На презентацијата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, претставници од Општина Гази Баба и Скопски плански регион, претставници од јавни комунални претпријатија и општинската администрација.

Во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион овој проект е финансиски поддржан од страна на УНДП, а станува збор за изработка на Физибилити студија и комплетна техничка документација за управување со органски отпад со компостара за двете општини.

Во рамки на презентацијата беше истакнато дека единиците на локалната самоуправа играат значајна улога во интегрирано и одржливо управување со био-отпадот пришто се иницира воспоставување на систем за управување со био-отпад со компостирање за општините Илинден и Гази Баба. Во студијата се анализирани реално изводливи приоритети и со реална финансиска конструкција за нивна реализација, со посебен акцент на компостирањето.

Компостирањето е процес на контролирано аеробно разградување на био-разградливите материјали и добивање на краен продукт – копмост, кој може да се користи како органско ѓубриво во земјоделството, градинарството и хортикултурно уредување на паркови и зеленило.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте