spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингРозов октомври во Иуте

Розов октомври во Иуте

Со почетокот на октомври започна и глобалната кампања за борба против ракот на дојка, која има за цел масовно да едуцира и да повика на самосвест, навремени прегледи и одговорност, како кон себе, така и кон другите околу нас, не само во октомври туку низ целата година.

Подигнување на свесноста за болеста и раното откривање се од суштинско значење, особено со оглед на тоа дека ракот на дојка е првата најчеста причина за смртност кај жените, пришто жените кои имаат мутација во BRCA1/BRCA2 гените имаат зголемен ризик. Токму тоа беше повод Иуте и оваа година да организира прегледи на дојка за сите жени вработени, со цел не само да покажеме одговорност кон нашите вработени, туку да пренесеме силна порака и да ги поддржиме сите оние кои ја водат оваа битка.

“Како компанија, секогаш сме посветени на акивности насочени кон грижа на благосостојбата на вработените, затоа што грижата за женското здравје не е само да се биде свесен, туку да се превземе конкретен чекор, одговорност, и за себе и за нашите најблиски. Само раната детекција и навремените прегледи можат да спасат животи. Често велиме дека одговорноста не припаѓа само на женската популација, туку на секој од нас, затоа што сечија порака, иницијатива, глас и заложба може да направи многу во големата слика. ” вели Златка Петреска, менаџер за човечки ресурси во Иуте.

Исто така упатуваме голема благодарност до ординацијата за рентген дијагностика Др.Толовски и Др.Блажен Толовски, со кој организиравме неколкучасовна работилница во нашите простории за дополнителна едукација на нашите вработени, покрај прегледите во ординацијата.

Нашата порака до сите останати е да бидете одговорни кон вас самите, но и кон другите околу вас. Вашата мајка, сестра, тетка, вашата пријателка, колешка….продолжете да ја ширите пораката, бидете дел од промените.

Одвојте време за преглед, не чекајте, не одложувајте, редовните прегледи се најдобра заштита. Само една минута сапопреглед и редовни контроли можат да спасат живот.

Животот е убав, живејте го со полни гради, безгрижно и спокојно.

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...