Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2021 година
Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена
Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клими.
Барателите треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2021 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Извор: Општина Пробиштип