spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Повик за субвенционирање за купен велосипед

Берово: Повик за субвенционирање за купен велосипед

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Берово со број 09-2684/1 од 23.07.2021 година за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Берово за купен велосипед (Службен гласник на Општина Берово бр. 47/21), во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2021 година со број 09-1617/1 од 27.04.2021 година (Службен гласник на Општина Берово бр. 45/21), а во согласност со усвоената Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2021 година со бр.09-4041/1 од 15.12.2020 година Општина Берово објавува:

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на граѓаните (физички лица)

за купен велосипед за 2021 година

1.Опис на јавниот повик

Општина Берово со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 05.08.2021 година, заклучно со 06.09.2021 година ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

2.Право на учество на јавниот повик

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 06.09.2021 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

3.Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Берово,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.

4.Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Берово или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: berovo.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Берово,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Берово или да се превземе електронски од веб страната на општината berovo.gov.mk).

Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Берово, на ул. Димитар Влахов бр. 10 Берово, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Берово примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.Начин на спроведување на Јавниот повик

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед, составена од претседател и 4 члена.

Претседателот на Комисијата, на петнаесеттиот ден од денот на објавувањето на јавниот повик, свикува состанок на Комисијата  заради пресек на  пристигнатите барања.

На состанокот се разгледуваат пристигнатите барања со цел да се утврди дали истите се уредни и комплетни, односно дали ја содржат потребната документација од член 7 на овој Правилник. За секое поднесено барање се изготвува посебен  Записник. Доколку се констатира дека некое барање е некомплетно, Комисијата е должна да му достави известување на барателот и да го задолжи во рок од 5 работни дена по приемот на известувањето да ги комплетира документите. Доколку барателот не ги комплетира документите во рокот предвиден во став 4 од овој член, ќе се смета дека не ги исполнува условите за субвенционирање и барањето ќе му биде одбиено. Барателот ќе биде одбиен и доколку не ги исполнува условите од член 6 од овој Правилник.

Претседателот на Комисијата, и на наредниот ден од денот на завршување на јавниот повик свикува состанок на Комисијата  заради разгледување на  пристигнатите барања.

Постапката ја повторува за секое некомплетно барање. За пристигнатите и одобрените барања, ќе се водат листи со следните податоци:

– име, презиме и адреса,

– датум и час на пристигнатата пријава на јавниот повик,

– износ на надоместок на барателот.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Берово ќе донесе решение за исплата на средствата.

6.Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Берово на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

ПРЕЗЕМИ Изјава за велосипеди

ПРЕЗЕМИ Барање

Општина Берово

Извор: Општина Берово

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...