Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација од компанијата ОКТА.
Заштеда на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на продуктивноста во работењето, преку поставување на фотоволтаици, ќе имаат сите основни и средни училишта во Велес.
Денеска градоначалникот Марко Колев заедно со главниот извршен директор на ОКТА Пасхос Димитриос, го посетија училиштето „Св. Кирил и Методи“ј и разговараа за значењето и бенефитите од ваквите инвестиции. Градоначалникот Колев изрази благодарност за општествената одговорност на компанијата која треба да биде поттик и за останатите компании.
Извор: Општина Велес