spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКичево: Прв состанок со Регионалната комора на Кичево за изработка на буџетот...

Кичево: Прв состанок со Регионалната комора на Кичево за изработка на буџетот за 2025 година

Во рамките на започнувањето на активностите за изработка на буџетот на Општина Кичево за 2025 година и според агендата, ова беше првиот состанок каде Општина Кичево одржа средба со претставници на Економската комора, со цел да ги слушне идеите и предлозите од страна на бизнис заедница за буџетот за 2025 година.

За време на состанокот беа дискутирани важни прашања како локалниот економски развој, поддршката на бизнисите и подобрувањето на инфраструктурата.

Тесната соработка помеѓу општината и бизнис заедницата беше оценета како суштинска за изработката на буџет кој ги одразува потребите и приоритетите на граѓаните.

Извор: Општина Кичево

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...