На денешната седница на Советот беше донесена значајна одлука за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Ѓорче Петров. Со оваа одлука се врши усогласување на Колективниот договор со актуелната законска регулатива, како и со општиот колективен договор на јавниот сектор.
Оваа промена носи позитивни придобивки и значително ги подобрува правата на вработените во општината.
Општина Ѓорче Петров ги признава и ги вреднува придонесите на своите вработени обезбедувајќи им подобри услови за работа, сигурност и мотивирачка работна средина.
Со оваа одлука продолжуваме да градиме посилна, мотивирана и поквалитетна општинска администрација која е подготвена да одговори на потребите на граѓаните.
Извор: Општина Ѓорче Петров