HomeОпштиниГази Баба: Поставени два нови уреди за мерење на квалитетот на амбиентниот...

Гази Баба: Поставени два нови уреди за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух

spot_img
spot_img


Денес се започна со мерење на квалитетот на амбиентниот воздух односно мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри на две локации од кои едната е урбана средина (населено место Железара) и рурална средина (населено место Јурумлери) со цел добивање на компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбана и рурална средина.

⚗️Мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во сите временски сезони во текот на една година. Мерењета се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци МКС EN 14907:2006 а потоа ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување и да се направи ккомпарација на изворите во урбаната и руралната средина.

По завршување на годишниот мониторинг ќе се направи Конечен извештај од кој ќе произлезат предлог мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Оваа активност се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка на општина Гази Баба со Универзитет Гоце Делчев – Штип, Факултет за природни и технички.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте