Подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните.
Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот.
Со обезбедувањето на нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери, сите домаќинства кои имаат оштетени канти ќе можат да ги заменат со нови преку пријавување во канцелариите на месните заедници низ општината.
Старите канти, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина.
Сакам да изразам голема благодарност до Министерството за животна средина за оваа значајна донација, но и да апелирам до сите граѓани да го одлагаат отпадот соодветно и да ги користат новите канти и контејнери наменски. Со тоа, не само што ќе придонесеме за чиста животна средина, туку и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите нас.
Мојот народ заслужува!
Извор: Општина Кисела Вода