Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на промоцијата на новото комунално возило на ЈКП „ Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 21м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден. Тој додаде дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие, како и ефикасноста на вработените.
Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто во изминатиот период досега претпријатието има набавено четири комунални возила и една градежна машина со приклучна механизација за косење и кастрење на вегетација, Мулчер.
Извор: Општина Илинден