HomeОпштиниГази Баба: Градоначалникот Стефковски заедно со дечињата од Здружението “Златни ангели” засади...

Гази Баба: Градоначалникот Стефковски заедно со дечињата од Здружението “Златни ангели” засади нови садници цвеќе

spot_img
spot_img

Градоначалникот Бобан Стефковски имаше можност да другарува со дечињата од Здружението “Златни ангели” и заеднички да се погрижат за животната средина преку засадување на нови садници цвеќе.

Настан полн со емоции кој се одржа во дворот на Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски во Маџари.

Енергијата која ја даваат дечињата со церебрална парализа и учениците со оштетен слух и говор е навистина посебна!

Општина Гази Баба има партнерски однос со Здружението “Златни ангели” кое се грижи за дечињата со церебрална парализа. Тие ја имаат поддршката на локалната самоуправа.

Благодарност до директорката на ДУЦОР Партенија Зографски, Слободанка Џеповска која даде поддршка во реализацијата на овој настан.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте