HomeОпштиниГази Баба: Продолжува поддршката на проектот за Инклузија на деца Роми во...

Гази Баба: Продолжува поддршката на проектот за Инклузија на деца Роми во Детските градинки

spot_img
spot_img

Утрово во Клубот на Пратеници градоначалникот Бобан Стефковски го потпиша договорот за поддршка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки” со кој како локална самоуправа обезбедуваме целосно бесплатна инклузија и престој на дечињата Роми во предучилишното образование.

Општина Гази Баба инклузијата на дечињата Роми ја спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, а родителите на тие дечиња се ослободени од плаќање на надоместок за престој на нивните деца во детската градинка.

Секое дете е важно и токму затоа Општина Гази Баба се приклучи на овој проект со цел инклузија тие дечиња во воспитниот процес уште од најмали нозе, а потоа истото да продолжи и низ образовниот процес.

Имаме обврска како единици на локалната самоуправа да креираме услови со кои дечињата од нашите општини ќе прераснат во силни индивидуи.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте