spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: Заедничка Грижа – Успешно Оддржана Едукативна Трибина за Превенција и...

Свети Николе: Заедничка Грижа – Успешно Оддржана Едукативна Трибина за Превенција и Здравствени Совети за Машко и Женско Здравје

На 13 ноември 2024 година во 18 часот во Големата сала при Општина Свети Николе, се оддржа едукативна граѓанска трибина под наслов „Заедничка Грижа: Превенција и здравствени совети за машкото и женско здравје“. Настанот привлече голем број на граѓани, заинтересирани за здравствените предизвици со кои се соочуваат мажите и жените, со фокус на превентивни мерки и здравствени совети.

Присутните имаа можност да ги слушнат информации совети и препораки од еминентни специјалисти од различни медицински области:

  • Д-р Игор Панев – специјалист по оториноларингологија
  • Д-р Зоран Панев – специјалист по радиологија
  • Д-р Емилија Лазарова – специјалист по онкологија
  • Д-р Влатко Филипов – специјалист по урологија

Тие на трибината ги информираа присутните граѓани за најчестите и најспецифичните гинеколошки и уролошки заболувања кај жените и мажите кој доведуваат до појава на рак, како и за можноста за самооткривање односно самопрегледување, ги запознаа присутните со главните симптоми коишто укажуваат за можносот од заболувања а посебно ја истакнаа важноста на редовните медицински прегледи и срининзи, особено за превенција на болести како рак на дојката кај жените како и кај мажите, рак на  простатата и тестисите кај мажите. Воедно се споделија и корисни здравствени навики кои можат да придонесат за подобар квалитет на живот како и осврнување на проблемите со менталното здравје пред се кај машката популација со совети за поголема социјализација на лицата после 50 години.

Настанот дополнително го привлече вниманието на присутните, кои активно учествуваа, поставувајќи прашања до докторите и споделувајќи свои искуства и дилеми. Оваа интеракција помогна трибината да биде уште подинамична и корисна за сите присутни.

Настанот е организиран како дел од глобалната кампања „Movember“, која секоја година во ноември се фокусира на зголемување на свеста за машкото здравје.

Организатор на настанот беше Организацијата на жените на општина Свети Николе, со поддршка од Француската Амбасада во Република Македонија и Општина Свети Николе, преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите од општинскиот буџет.

Овој настан испрати силна порака за важноста на превенцијата и заедничката грижа за здравјето, привлекувајќи внимание на потребата од редовно информирање и грижа за сите здравствени предизвици со редовни прегледи и скринининзи.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува повеќе превентивни прегледи и скрининзи за рано откривање на одредени видови рак, кои можат да го спасат животот со овозможување на навремено лекување.

Еве ги препорачаните мерки за детектирање на рак на простатата, тестисите и дојката за мажи и жени:

ЗА МАЖИ

Рак на простата:

Тестирање на простатно-специфичен антиген (ПСА): Се препорачува за мажи над 50 години или над 45 години за оние со висок ризик (семејна историја на болеста).

Дигитален ректален преглед (ДРЕ): Овој преглед го изведува докторот за физичко проверување на простатата. Може да помогне заедно со ПСА тестот да се откријат рани знаци на рак.

Фреквенција: Еднаш годишно или според препорака на лекарот.

Рак на тестиси:

Самопреглед на тестиси: Препорачано е мажите да вршат месечен самопреглед за да забележат какви било промени или отеченост.

Ултразвучен преглед: Во случај на сомнеж, лекарот може да препорача ултразвучен преглед за детекција на потенцијални промени.

Фреквенција: Месечно за самопреглед и по потреба во консултација со лекарот. За жени

Рак на дојка:

Самопреглед на дојка: Се препорачува месечно, почнувајќи од млада возраст, за жените да се запознаат со својот нормален изглед и структура на дојките.

Мамографија: Препорачана е на секои две години за жени од 50 до 69 години, и почесто за жени со висок ризик, започнувајќи од 40 или 45 години.

Клинички преглед на дојките: Лекарот може да врши клинички преглед како дополнителна мерка, особено за жените со фамилијарна историја на рак на дојка.

Други превентивни скрининзи:

Ултразвучен преглед на дојка: Особено корисен за помлади жени со густа дојка, може да помогне во детекција на аномалии кои не се видливи на мамографија.

Овие препораки може да варираат во зависност од ризичните фактори и личната историја на пациентот, па се препорачува редовна консултација со матичен лекар или специјалист.

Извор: Општина Свети Николе

Прочитајте

Дебар: Познат по некои општествени и вредности со одлични меѓурелигиозен и...

0
Дебар е познат по некои општествени и вредности со одлични меѓурелигиозен и меѓуетнички односи. Проектот на Здружението за зачувување на културните вредности во Рајчица...