Општина Новаци и ЈКП Комунална хигиена Новаци во соработка со МЖСПП, започнуваат со пилот проект селекција на отпад од пластика во 80 домаќинства од Новаци. Денес беа доделени канти за селекција за предвидените домаќинства. Предвидено е селектираниот отпад кој ќе се одлага во кантите да се собира секој втор четврток во месецот, односно во согласност со насоките кои ќе бидат дадени од ЈКП Новаци.
Пилот проектот ќе овозможи да се подигне свеста на граѓаните за потребата од селекција на пластика и да се намалат негативните влијанија врз животната средина.
Следни чекори ќе бидат да се опфатат сите домаќинства во општината за селекција на ПЕТ амбалажата како прва фаза, а во нареден период планираме и да се прошири опфатот за селекција на други фракции на отпад.
Паралелно секој понеделник ЈКП Комунална Хигиена Новаци ќе го собира органскиот отпад кој се создава во градините и дворовите. Ве молиме да го селектирате органскиот отпад и да не го депонирате во постоечките контејнери за комунален отпад.
Извор: Општина Новаци