spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски.

На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот.

Градоначалникот Александар Стојкоски изјави дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина:

„Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати.“

Опожарените површини во атарот на Кучково, кои со години беа еколошки проблем, сега добиваат нов живот благодарение на заедничкиот ангажман на локалните власти, институциите и приватниот сектор.

Оваа акција е доказ за тоа како преку соработка може да се постигне значителна промена во насока на зачувување и обновување на природата. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со вакви иницијативи, кои имаат за цел да го направат регионот позелено и поздраво место за живеење.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АХВ: Спречен нелегален транспорт на телиња

0
Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски...