На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на комунални инспектори на Република Северна Македонија.
На средбата земаа учество над 60 членови од комуналните инспекциски служби од земјата.
Беше усвоена Предлог-одлуката за усвојување на записникот од претходната седница, присутните беа информирани за соработката со невладини институции со цел унапредување на соработката и размена на искуства и подобрување на законските регулативи од повеќе аспекти.
Здружението иницираше соработка и со општините кои би сакале да дадат свој придонес во зацврстување на Здружението преку потпишување на меморандум за соработка.
Се дискутираше за теми кои ги засегаат комуналните инспектори а државниот пазарен инспектор Анkа Митева Долдурова преку сопствена презентација појасни повеќе прашања од Законот за претставки и предлози.
Претседателот на Здружението Борче Везенков преку своето воведно излагање нагласи за активност на членовите и идеи кои би придонеле за нови предлози и разјаснување на веќе постоечките закони по кои комуналните инспектори работат.
Општина Карпош и натаму ќе продолжи да биде дел од сите активности што Здружението ги организира и да даде свој придонес.
Извор: Општина Карпош