spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Доделени 7 грантови за управување со отпад

Аеродром: Доделени 7 грантови за управување со отпад

Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“, Општина Аеродром додели 7 мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“ во висина од 25.000 евра.

Граѓанските организации што ја добија оваа поддршка во износ од 2 до 4 илјади евра, во зависност од проектот што го понудиле, се: Изгрејсонце Скопје, Иницијатива за европска перспектива, Консеј, Европско движење на РСМ, Студентски парламент на ФИНКИ, Здружение за советување, обука и заштита на животна средина и ЗЕООП – Здружение за значењето на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес.

Реализацијата на проектите е предвидена до февруари 2025 година и тоа исклучиво на територијата на Општина Аеродром. Во рамките на овие мали грантови Општината поддржа предлози што овозможуваат поддршка и развивање на активизмот и волонтерството кај младите, посети на рециклаторски центар, едукација на ученици и наставници за воведување и примена на концептот на циркуларна економија во основните училишта во Општина Аеродром. Преку овие грантови, се очекува да се обезбеди база податоци од домаќинствата за количини на селектиран отпад, поттикнување на младите на креативен начин да се грижат за животната средина, да размислуваат за еколошките проблеми и да промовираат еколошки одржлив начин на живот.

Целта на доделените грантови е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакување во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки. Крајната цел е да се зголеми свеста и знаењето на целните групи, како и на сите заинтересирани страни за управување, намалување и рециклирање на отпад од пластика и лименки, преку поттикнување на ангажманот на заедницата, едкукативни предавања и промовирање на одржливи практики.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...