spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Доделена Парична помош за 203 Лица со попреченост

Карпош: Доделена Парична помош за 203 Лица со попреченост

Во организација на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, по повод одбележување на Меѓународниот Ден на лицата со попреченост (3. декември), денеска во својот кабинет градоначалникот Стевчо Јакимовски оствари средба со лицата од оваа социјална категорија. Во оваа пригода првиот човек на Општината, традиционално им додели еднократна парична помош на лицата со попреченост во висина од 5.000 денари.

На денешниот работен состанок присуствуваа и претставници од Македонското Монтесори здружение при што се поведе дебата, во чии рамки беа разгледани повеќе конструктивни предлози за подобрување на правата и статусот на лицата со пореченост. Во таа насока беше констатирано дека Општината води континуирана грижа за лицата со попреченост, преземајќи низа активности за подобрување на статусот и нивното интегрирање во заедницата.

Првенствено, низ годините преку тековната работа и ангажманот на вработените од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, со вршење на увиди во домовите на граѓаните, непосредната комуникација, соработката со урбаните и месните заедници и други институции, беше оформена база на податоци за лицата со попреченост која во тековнава 2024 година брои преку 200 лица. Оттука, повеќе од една деценија Општина Карпош посветува особено внимание за оваа ранлива група на граѓани, при што има донирано медицински помагала за нивна потреба. Локалната самоуправа покрај другото помага на овие лица со еднократна парична помош за бањско лекување, рехабилитација или набавка на соддветни лекови или помагала, како и со пакети со храна и хигиенски производи. За да го олесни нивното движење, локалната самоуправа има поставено пристапни рампи на повеќе локации низ општината, а отворени се и неколку инклузивни игралишта за дечињата со попреченост. Исто така, Општината поддржува разни манифестации, настани, работилници и други активности во соработка со различни институции и невладини организации, кои ги вклучуваат лицата со пореченост и го поттикнуваат процесот на инклузија.

Од особена важност е Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска Банка, во чии рамки Општина Карпош ја воспостави социјалната услуга во заедницата, односно центарот за дневен престој –  „Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“. Во случајов, лиценциран давател на услугата е Македонското Монтесори Здружение, кое истата ја испорачува преку индивидуални третмани и психо-социјална поддршка од страна на стручни лица (специјални едукатори и рехабилитатори и психолози). Станува збор за социјална услуга која е наменета за дечињата со попреченост и развојни потешкотии на возраст од 2 до 10 години, со приоритет на децата од општина Карпош.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...