Општина Сопиште во соработка со ,,Геохидро Јованов“ ДООЕЛ Скопје на локација во атар на с. Горно Соње со изведба на една истражно експлоатациона дупнатина добиена е подземна вода во количина преку 6 литри во секунда.
Подземната вода на место на локација е со самоизлив преку 1,0 литар во секунда (народски кажано „жива вода“). Према експертите добиената количина на подземна вода во целост би ги задоволила потребите за водоснабдување на двете села Горно и Долно Соње, Општина Сопиште.
Извор: Општина Сопиште