spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Панел дискусија на тема - “Важноста од родовата еднаквост за...

Гази Баба: Панел дискусија на тема – “Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња”

Вчера се одржа панел – дискусија во организација на Кризниот центар “Надеж” во рамките кампањата за превенција и елиминација на насилство врз жените но и на темата за сајбер насилството кон жените и младите во дигиталната ера. 

Сајбер насилството е општествен проблем кој остава длабоки трауми, особено кај жените и младите.

На настанот присуствуваа и заменик министерот за Труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и секретарот на Општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски кои дадоа свои излагања за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија.

16 дена активизам против родово базирано насилство започна на 25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените  и завршува денес 10 декември – Ден на човековите права.

Целта на оваа меѓународна кампања е да се превенира и елиминира насилството врз жените и девојчињата, да се охрабрат отворено да зборуваат, да реагираат и да не молчат.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте