Градоначалникот Дарко Костовски додели финансиска помош во износ од 4.000.000 денари на спортските клубови од општина Бутел.
Градоначалникот изрази надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.
Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.
Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, а веќе е лидер во спортската инфраструктура.
Градоначалникот и општина Бутел се цврсти партнери на сите спортисти и спортски клубови од општината.
Градоначалникот упати честитки на сите спортски клубови и им посака успешна работа.
Извор: Општина Бутел