Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, пришто заедно со директорот на училиштето Дарко Петковски направија увид во активностите кои се спроведени во изминатиот период во ова училиште.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски, локалната самоуправа континуирано работи на обезбедување услови за образованието и успешно реализирање и подобрување на воспитно образовниот процес во сите училишта на нејзина територија. Инвестициите во образованието се од огромно значење за иднината на една општина, па затоа реконструкцијата и модернизацијата на општинските училишта е еден од приоритетите во работењето.
Директорот на училиштето истакна дека во насока на подобрување на условите во општинското училиште „Браќа Миладиновци“ се реализраат повеќе активности. Извршено е реновирање на соблекувалните во централното училиште во Миладиновци, во двете подрачни како и во централното училиште набавени се 4 клима уреди, смарт табли, училишен и канцелариски материјал, во централното училиште ограден е училишниот двор, извршена е реконструкција на подовите како и обедбеден агрегат за струја, а во подрачното училиште во Текија во тек е доградба на училиштето за потребите на образовниот процес.
Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со инвестивции во училиштата со цел подобрување на условите за работа и воспитно образовниот процес.
Извор: Општина Илинден