На 22 јануари 2025 година, се одржи јавниот настан за отворање на твининг проектот финансиран од ЕУ, IPA 2022, „Поддршка на инспекциските служби за превоз на патници и стоки“, во хотел Лимак.
Проектот e спроведен во Државниот транспортен инспекторат на Северна Македонија, во соработка со партнерите од земјите-членки – Генералниот инспекторат за патен транспорт во Варшава, Полска и хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Спроведувањето на проектот започна на 15 октомври 2024 година и ќе трае 24 месеци. Буџетот за реализација на проектот изнесува 1.300.000 евра.
Цел и фокус
Општата цел на на овој Твиниг проект е да ја подобри безбедноста на патниот транспорт во Северна Македонија, како и неговата усогласеност со европското законодавство.
Поставените поедини цели ќе се сосредоточат на зајакнување на оперативните капацитети и административната ефикасност на Државниот инспекторат за транспорт (ДТИ), преку обезбедување на соодветно спроведување на националните стандарди и стандардите на ЕУ за патни и внатрешни инспекции на превозниците на стоки и патници. Што се однесува до придонесот кон партнерството за пристапување, проектот има за цел да го поддржи натамошното усогласување на законодавството за транспортни политики со правото на ЕУ и зајакнување на капацитетите на националните власти коишто се одговорни за имплементација законодавство за транспорт, вклучувајќи развивање на административни, инспекциските и други технички капацитети.
Динамична соработка и експертиза
Извонреден аспект на овој проект е обемот на соработката: ќе вклучува околу 50 експертски мисии, во коишто ќе учествуваат 28 полски експерти и 14 хрватски експерти. Овие мисии претставуваат неспоредлива можност за размена на знаење, изградба на технички капацитети и постигнување влијателни резултати преку заедничко знаење и најдобри практики. Секојата мисија ќе биде внимателно усогласена со структурните компоненти и цели на проектот.
Структура на проектот и клучни резултати
Проектот е организиран во три компоненти, со следните клучни резултати и подрезултати:
Компонента 1: Зајакнување на регулаторната и организациската рамка на ДИТ
- Подготвување и консултирање на правилници за тахографи, големина и димензии на возила, ADR, AETR, ATP, превоз на животни и емисиони класи за да се обезбеди усогласеност со ЕУ стандардите. Ревизија и поедноставување на организациската структура на ДИТ.
- Развој на план за развој на ДИТ кој ги опфаќа потребите за човечки ресурси, опрема, системи и податоци.
Компонента 2: Развивање алатки за откривање, проценка и спроведување на прекршоци
- Создавање на раководства за инспекциите на ДИТ, вклучувајќи стандардни оперативни процедури, работни текови, листи за проверка, барања за податоци и упатства за контролните активности.
- Зајакнување на рамката за следење на перформансите на инспекторите на ДИТ, вклучувајќи месечни цели и планови за инспекција.
Компонента 3: Подобрување на оперативното знаење
- Развивање капацитет за откривање и справување со прекршувања во просториите на транспортните компании.
- Зајакнување на административните процедури за меѓународните и националните превозници.
- Подобрување на способностите за откривање и решавање прекршувања поврзани со работните часови на возачите, користејќи софтвер за анализа на тахографи.
- Зајакнување на капацитетите за идентификување и решавање прекршувања поврзани со техничките услови на возилата, вклучувајќи емисии на издувни гасови, квалитет на горивото, безбедност и ограничувачи на брзина.
- Подобрување на способноста за управување со прекршувања на тежината и димензиите користејќи преносни ваги и релевантен софтвер.
- Подобрување на компетенциите за откривање и справување со прекршувања во превозот на опасни стоки (ADR), стоки подложни на расипување (ATP) и превоз на животни.
- Зајакнување на капацитетите за инспекција на безбедноста на патиштата, вклучувајќи идентификување на дефекти на патната инфраструктура.
Посветеност на целите на проектот
Во рамките на дадените капацитети и расположливиот буџет, Проектот е целосно посветен на решавање и обезбедување поддршка за клучните елементи наведени во договорот за проектот.
Извор: Министерство за транспорт