HomeВладаМицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и...

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

spot_img
spot_img

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

„Дали ќе ја зголемиме минималната плата и тоа дали таа ќе била над 500 евра. Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот. Не можеби, туку сигурно најмногу ќе профитира затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги пондерираат сите плати, што ќе каже дека пропорционално ќе бидат пондерирани и придонесите во буџетот во фондовите итн. реално најмногу можеби ни одговара. Дали е тоа правилно? Тоа е морален хазард. Дали е тоа исправно? Тоа е морален хазард“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека минималната плата ќе биде онаа која што ќе ја договорат работодавачите и работниците, а владата ќе го фасцилитира тој процес 

„Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците. Ние сме страна која што може да гои фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата. Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба, но ќе се бориме...

0
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5, говорејќи околу евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој пат е тежок поради...