HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Пријави смет и дива депонија телефонски, нашите служби ќе...

Центар: Герасимовски – Пријави смет и дива депонија телефонски, нашите служби ќе се погрижат за хигиената

spot_img
spot_img

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

„Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. На овие телефонски броеви граѓаните можат да ни испратат фотографија од населеното место коешто треба да биде исчистено, а Град Скопје не си ја има завршено својата основна задача. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината. Спроведуваме акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена градските служби ги оставија центарските улици во смет. Во понеделникот се соочивме со глетка којашто е недозволива за централното градско подрачје. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Арсовска да водат поголема грижа за чистотата на улиците кадешто имаат надлежност за да не се соочиме повторно со смет. Граѓаните заслужуваат чиста општина. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба, но ќе се бориме...

0
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5, говорејќи околу евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој пат е тежок поради...