HomeОпштиниГази Баба: Редовни неделни активности на ЈКП Гази Баба низ сите населени...

Гази Баба: Редовни неделни активности на ЈКП Гази Баба низ сите населени места

spot_img
spot_img


Во текот на изминатата недела екипите на ЈКП Гази Баба спроведоа редовни активности за метење на улици, паркинзи и расчистување на ситен отпад во населбата Триангла, но и околината на О.О.У „Наум Наумовски Борче“ како: 

 темелно метење на улиците на потегот што води до Основното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“.

 Расчистување и отстранување на ситен отпад и нечистотии од јавните површини.

 Санација и чистење на просторот околу училиштето, со што се овозможи почиста и побезбедна средина за учениците и жителите од овој реон.

Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ се секогаш на терен со соодветна механизација и рачна опрема, посветено работејќи на отстранување на ситниот отпад и прав од улиците и јавните површини. 

Екипите на ЈКП Гази Баба, исто така, реализираа успешни акции за расчистување на диви депонии во населеното место Инџиково и населбите Ченто, 

Железара и Триангла, а беше извршено и собирање на градежен шут во Хиподром 2. Повеќе тимови беа распределни засилено да работат на расчистување за ослободување на јавните простори од недозволено складиран отпад во местото викано Кванташки, населеното место Стајковци и населбата Хиподром.

Еколошката состојба е важна и потребно е да создадеме чиста, уредна средина за сите жители, бидејќи со отстранување на значителни количини на отпад и шут ја подобруваме хигиената и изгледот на овие населени места. 

Во агендата на неделни активности на Јавното претпријатие за реализација беше и темелно чистење и репарација на вакуумската канализација во населено место Јурумлери, бидејќи редовното одржување на канализациската инфраструктура е потребна за непречено функционирање на системот и превенција од евентуални дефекти и поплави.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте