spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бесплатни обуки за Дигитална писменост за постарите жители

Карпош: Бесплатни обуки за Дигитална писменост за постарите жители

Започнувајќи од идниот вторник (18.03.2025), Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС им нуди на своите постари жители, можност да посетуваат бесплатна обука за дигитална писменост. Станува збор за иницијатива која се реализира преку годишната Програма на локалната самоуправа за еднакви можности меѓу жените и мажите, за која Општината од својот буџет одвои 600.000 денари.

Обуките ќе се одржуваат секој вторник со почеток во 18:00 часот во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“, а еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани претходно треба да го најават своето присуство на телефонскиот број 071 376 080.

Во оваа пригода повозрасните карпошани можат да зачекорат во дигиталниот свет, стекнувајќи практични вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите какви што се електронското банкарство, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на  електронските уреди, безбедно пребарување на интернет мрежата, креирање и користење на електронската пошта, користење на државните дигитални услуги, онлајн купување, користење на популарните платформи Facebook, Instagram, апликациите Viber, WhatsAPP и слично.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...