spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на...

МЗШВ: Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.

– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.

Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.

Вистинската грижа кон земјоделецот продолжува.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МП: Силен чекор поблиску до меѓународната правна соработка!

0
На маргините на конференцијата „Кон ЕУ“ во Љубљана, министерот за правда, Игор Филков  оствари средба со Марк Шо, директор на Глобалната иницијатива против транснационален...