Како што вети градоначалникот Бобан Стефковски во текот на вчерашниот ден, започнуваме со објавување на податоците за финансиското работење на Општина Гази Баба во изминатите осум години.
Во графиконот подолу наведена е реализацијата на БУЏЕТОТ на Општина Гази Баба од 2017 до 2024 година.
Бројките сами по себе говорат за тоа кој како работел и на кого што му било приоритет.
Во 2017 година реализацијата на буџетот изнесува 725.135.498 денари или 57,15% од планираното. По осум години во 2024 година реализацијата на буџетот изнесува 1.468.626.010 денари или 86,43% од планираното што јасно говори за тоа дека во Општина Гази Баба се работи чесно, одговорно и посветено во служба на граѓаните.
Приоритет ни е решавањето на проблемите на граѓаните, а не личните привилегии кои ги носи позицијата градоначалник на Општина Гази Баба.
Па така во периодот од 2017 до 2021 година се потрошени повеќе од 12.000.000 денари средства од буџетот за репрезентација, а од 2022 година до денес се потрошени НУЛА денари за непродуктивни трошоци!
Отчетното и транспарентно работење е наша водилка и од тоа нема да отстапиме.
Извор: Општина Гази Баба