HomeОпштиниГази Баба: Делегација на украинскиот град Хороденка во посета на општината

Гази Баба: Делегација на украинскиот град Хороденка во посета на општината

spot_img
spot_img

Средба на градоначалникот Бобан Стефковски со Бохдан Кобилијански, градоначалник на Град Хороденка од Украина.

Во посета на Oпштина Гази Баба беше делегација на украинскиот град Хороденка, предводена од градоначалникот Бохдан Кобилјански.

На средбата се разговараше за улогата на локалната самоуправа во планирањето, развојот и испораката на социјални услуги во Република Македонија.

Гостите беа информирани и за функционирањето на локалната самоуправа, како и за организациската поставеност на општинската администрација со посебен акцент на начинот на реализација на програмата за социјалната заштита.

Оваа посета беше во организација на СОС Детското село од Украина и СОС Детското село од Македонија.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте