HomeОпштиниБутел: Подари книга-подари убав збор

Бутел: Подари книга-подари убав збор

spot_img
spot_img

Во ООУ “Свети Климент Охридски” беше одбележан Светскиот ден на книгата.

По тој повод, учениците организираа акција “Подари книга-подари убав збор”.

Подарените книги од учениците од ООУ “Свети Климент Охридски” ќе бидат донирани на учениците во ООУ “Визбегово”.

Денот на книгата се одбележува како потсетник за моќта на пишаниот збор-моќ која ни овозможува да патуваме низ времето и просторот, да ги запознаеме другите, но и самите себеси.

Книгите се многу повеќе од хартија и боја за печатење-тие се алатки за откривање на нови светови и вистински сојузници на човечката имагинација,значење и емпатија.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте