spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДКСК: Појаснување

Во врска со објавите на порталите ЛОКАЛНО и ЦЕНТАР (https://lokalno.mk/ivanovska-gi-kritikuva-vladinite-kampani-i-istrazhuvana-a-dksk-raspishale-tender-za-javni-kampani/ и https://centar.mk/blog/2021/08/12/dvojni-arshini-antokoruptsiska-raspishala-tender-za-kampana-a-pretsedatelkata-ivanovska-vo-isto-vreme-gi-kritikuva-vladinite-kampani-i-istrazhuvana/), поврзани со изјавата на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска за ТВ Телма (https://telma.com.mk/2021/08/12/ивановска-најдобра-кампања-за-борба-п/), ДКСК го дава следното појаснување:

Сите досега искажани ставови од страна на ДКСК се во насока на зајакнување на интегритетот на институциите, демократските принципи и борбата против корупцијата на сите нивоа со цел да се зајакне и подигне нивната примена на повисоко ниво во општеството во интерес на демократскиот развој.

ДКСК е независна институција основана од Собранието на РСМ како највисок израз на демократијата и делува единствено во таа насока. Оттука сите активности на ДКСК вклучувајќи ја и веќе започнатата кампања за интегритет, се согласно надлежностите на  Комисијата дефинирани во член 17 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Имено, Кампањата за интегритет е активност во рамки на ИПА проектот за„Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“, финансиран од Европската унија.

Имајќи предвид дека станува збор за независна институција, сите активности кои ги спроведува Комисијата не се детерминирани од политичките процеси.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...