HomeОпштиниБутел: Започна асфалтирањето на крак на улица “Петар Манџуков”

Бутел: Започна асфалтирањето на крак на улица “Петар Манџуков”

spot_img
spot_img

Започна асфалтирањето на крак на улица “Петар Манџуков”, односно улицата која ги опфаќа сервисите и една од најфрекфентните улици која е поврзување со главната улица “Бутелска”.

Улицата е во должина од 115 метри и површина од 1000 метри квадратни. Беше извршена целосна реконструкција на дел од тротоарите.

Поставена е и атмосферска канализација за решавање на проблемот со водата.

Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која се наоѓаше.

Граѓаните му ја дадоа довербата на градоначалникот Дарко Костовски и тој секогаш работи во интерес на сите граѓани на општина Бутел.

Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Градежната офанзива е со силна динамика.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте